Достапни линкови

Клинтон:Иран да ја прифати нуклерната програма на ОН


Иран треба да го прифати договорот за збогатување на ураниум, што побргу, бидејќи Вашингтон и неговите сојузници нема вечно да чекаат, изјави американскиот државен секретар Хилари Клинтон.Иран се уште официјално не одговорија на понудата на ОН, но извештаите велат дека Техеран бара некои измени на главните елементи на пакетот. Соединетите Американски Држави и нејзините западни сојузници предупредија дека Иран би можел да се соочи со четврта рунда на меѓународни санкции, ако Техеран не соработува за да ја намали загриженоста во врска со иранската атомска програма. Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, вчера изјави дека Иран сеуште нема доверба во западните сили, кога станува збор за одржување на разговорите, но дека тој се надева дека дијалогот меѓу двете страни околу иранската нуклеарна програма ќе продолжат.
XS
SM
MD
LG