Достапни линкови

Клинтон се сретна со Бенјамин Нетенјаху


Државниот секретар на САД, Хилари Клинтон го отфрли палестинскиот главен предуслов за мировните преговори со Израел. Клинтон изјави дека прашањето за еврејските населби треба да го решаваат двете страни за време на преговорите,а не пред тоа. Израелскиот премер Бенјамин Нетенјаху во барањето на палестинците да се замрзне процесот на еврејските населби, гледа изговор за да не започнат со обновување на мировниот договор. Претходно , Клинтон се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Абу Даби. Клинтон е во посета на Средниот исток во обид да се продолжат мировните процеси меѓу Палестина и Израел
XS
SM
MD
LG