Достапни линкови

Иранската опозиција ќе продолжи со предизвикување на власта


Лидерите на иранската опозиција ветија денеска дека ќе продолжат со предизвиците на владеачката партија. Опозициониот лиред Мир Хосеин Мусави на своите подржувачи им вети дека тврдокорните струи во владеачкиот систем ќе бидат поразени, но не кажа како. И поранешниот претседател Мохамед Катами вети дека ќе продолжи со реформите за предизвикување на власта. На изјавите на опозиционите лидери се гледа како на обид да се покрене атнивладиното движење на само неколку дена пред одржувањето на годишниот анти -САД мининг, спонзориран од страна на владата.
XS
SM
MD
LG