Достапни линкови

Протест на професионалните војници


Професионалните војници денеска протестираа пред Владата откако не успеаа да постигнат договор со Министерството за одбрана за барањата поврзани со решавање на нивниот социјален статус. Професионалните војници чекаат да бидат примени од претседателот на државата кој е и Врховен командант и од премерот. Барањата на војниците се продолжување на договорите за работа и по 38 година до исполнување на условите за пензија, распоредување во други државни институции, како и право на остварување на отпремнина во износ од пет просечни плати во случај на престанок на работниот однос.

XS
SM
MD
LG