Достапни линкови

Клинтон за евентуалниот бојкот на Абдула на авганистанските избори


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави денеска дека евентуалниот бојкот на вториот круг од претседателските избори во Авганистан што го најави кандидатот Абдула Абдула нема да ја доведе под прашалник легитимноста на изборите. Клинтон која по посетата на Пакистан денеска престојува во Абу Даби изјави дека откажувањето на некој кандидат од изборите се случува и во Соединетите држави. Таа утре заминува за Израел.
XS
SM
MD
LG