Достапни линкови

logo-print

Убиени 7 пакистански војници


Седум пакистански војници загинале, а 11 други биле ранети во експлозија на бомба во близина на границата со Авганистан, соопшти пакистанската војска. Се прецизира дека бомбата била активарана со далечински управувач и оти нападот се случил на 15 километри од Пешавар. Кон средината на октомври пакистанската војска покрена копнена офанзива против талибанските милитанти во Јужен Вазиристан. Во офанзивата се вклучени над 30 илјади војници.
XS
SM
MD
LG