Достапни линкови

logo-print

Затворените американски планинари, во добра состојба


Иранските власти деновиве му дозволиле на швајцарскиот амбасадор во Техеран да ги посети тројцата американски планинари затворени во Иран поради илегално минување на границата пред три месеци. Портпаролот на Стејт Департментот Робер Вуд изјави дека амбасадорот кој бил во затворот Евин во Техеран се уверил оти Шејн Бауер, Џош Фатал и Сара Шурд биле во добра здравствена состојба. Тројцата планинари изјавија дека биле на одмор и оти границата меѓу Ирак и Иран ја преминале по грешка.
XS
SM
MD
LG