Достапни линкови

Одбележување на 20 годишнината од падот на Берлинскиот ѕид


Поранешните претседатели на Соединетите Држави и на бившиот Советски Сојуз Џорџ Буш и Михаил Горбачов, како и екс канцеларот на Германија Хелмут Кол се очекува да учествуваат на денешните комеморации во Берлин што се дел од прославите на 20 годишнината од паѓањето на Берлинскиот ѕид. Тројцата државници имаа клучна улога во главно мирниот револуционерен бран што ја зафати источна Европа и кој на 9 ноември 1989 доведе до отворање на Ѕидот што го делеше источниот, комунистички Берлин од западниот дел на градот. Една година потоа дојде и до обединување на двете Германии.
XS
SM
MD
LG