Достапни линкови

Авганистан: разговорите меѓу Карзаи и Абдула, прекинати?


Разговорите меѓу авганистанскиот претседател и неговиот ривал на изборите, поранешниот министер за надворешни работи Абдула Абдула биле прекинати, јавуваат агенциите, повикувајќи се на извори од двете страни. Притоа се додава дека Абдула имал намера да го бојкотира вториот круг од претседателските избори закажан за идната недела. Имено, Абдула во текот на разговорите поставил многубројни услови, меѓу нив и оставка на сегашниот претседател на Централната изборна комисија Азизула Лодин. Засега овие наводи не се официјално потврдени. Вториот круг на изборите беше закажан откако комисија на Обединетите нации откри дека дел од гласови за Карзаи биле фалсификувани.
XS
SM
MD
LG