Достапни линкови

Додик се повлекува од преговорите за реформи во БиХ


Премиерот на Република Српска Милорад Додик изјави денеска дека ќе се повлече од преговорите за уставни реформи, организирани од Европската унија и од Соединетите Држави, кои имаат за цел да го забрзаат патот на Босна и Херцеговина кон Европската Унија и НАТО.Додик претходно го отфрли предложениот пакет уставни реформи нарекувајќи ги „неуставни и насочени против Србите“.
Тој денеска организираше средба во Бања Лука со видни политичари од земјата со цел продолжување на дијалогот по прашања, важни за функционирањето на државата, но опозицијата во Република Српска и партии од Федерацијата Босна и Херцеговина изјавија дека нема да се јават на поканата за разговори. Додик ги обвини политичарите од федерацијата дека се согласни само на средби во присуство на меѓународната заедница.
XS
SM
MD
LG