Достапни линкови

Нема зголемување на плати за административците


Зградата на Владата на РМ

Зградата на Владата на РМ

Министерот за финансии Ставревски, изјави дека не треба да се очекува зголемување на платите за државната администрација. Економските експерти велат дека поради кризата, владата ќе биде под притисок за намалување на платите или намалување на бројот на службеници.

Не може комплетно да се исклучи можноста за намалување на платите на административците, велат дел од експертите. Економскиот аналитичар и екс министерот за финансии Џевдет Хајредини вели дека платите на административците и пензиите биле предизборни ветувања кои во актуелната економска ситуација се неостварливи

,,Сите буџети, сите расходи во Македонија веќе скоро четири години се проектираат во зависност од тоа дали ќе има избори или нема да има. Тој не ги зголеми платите и пензиите како што вети пред изборите, ниту оваа година."
Треба и тоа да се очекува, намалување на плати или притисок да се намалат бројот на вработените во државната администрација


Хајредини не ја исклучува можноста и за намалување на расходите за плати и надоместоци од буџетот:

,,Треба и тоа да се очекува, намалување на плати или притисок да се намалат бројот на вработените во државната администрација. Ние имаме и без тоа голем притисок тоа да се направи, евентуално не ја исклучуваат можноста сега да вклучат аранжман со ММФ."

Според поранешниот министер, властите закаснето реагирале на кризата, откако притисокот се зголемил. Актуелниот министер за финансии Зоран Ставрески потврди дека во буџетот за 2010 година за сега нема простор за зголемување на примањата на државните службеници и административците:

,,Сеуште кризата во економијата е присутна, се стабилизира економијата, но неможеме да кажеме дека преку ноќ економијата ќе
Тоа значи дека Владата со проекцијата на буџетот за 2010 година нема да предвиди зголемување на платите
оствари заздравување, тоа ќе се оствари постепено. Логично е буџетот да се планира на разумен начин, на еден прагматичен начин, каде што во делот на тековните расходи нема да има зголемување. Тоа значи дека Владата со проекцијата на буџетот за 2010 година нема да предвиди зголемување на платите."

Денеска од Министерството за финансии немаше официјален одговор на прашањето дали ќе се намалуваат платите или бројот на вработени во администрацијата. Инаку, претставникот на Меѓународниот Монетарен Фонд Весли Мекгру пред заминување од земјава заклучи дека Македонија останала најмалку повредена во кризата од земјите во регионот напоменувајки дека тоа се должи на исправните политики на минатото. Власта оваа изјава ја интерпретираше како успех на економската политика во изминативе три години додека од опозициската СДСМ тврдат дека социјалдемократите ја создале основата за стабилност.
XS
SM
MD
LG