Достапни линкови

Македонија - штедлива земја


Штедењето во Македонија, и покрај економската криза, годинава бележи пораст, банкарскиот сектор е речиси на исто ниво како лани, а макроекономските движења се најдобри во регионот, беше речено на денешната седница во Стопанската комора по повод Светскиот ден на штедењето - 31 Октомври.
„Од почетокот на годинава штедните влогови се зголемија за 146 милиони евра и во моментов изнесуваат 1.910.000.000 евра. Имаше тренд на нивно префрлање во девизи, но во последните два месеца тој тренд подзапре и не е со ист интензитет како од март. Моментно, во структурата 31 отсто се денарски депозити, а 69 проценти се девизни, рече Ѓорѓи Јанчовски, директор на Тутунска банка и претседател на Здружението на банкари при Стопанската комора на Македонија.
По Словенија, Македонија бележи најголем пораст на штедењето во регионот.
XS
SM
MD
LG