Достапни линкови

Со ИПАРД фондови до европски стандарди


Земјоделец

Земјоделец

ИПАРД фондовите ќе го приближат македонското земјоделство до стандардите на европската унија велат дел од експертите. Во декември земјоделците ќе може да аплицираат за 20 милиони евра што ги издвои Унијата.

ИПАРД фондовите ќе го приближат македонското земјоделство до стандардите на европската унија велат дел од експертите. Во декември за 20 милиони евра што ги издвои унијата можат да аплицираат сите оние кои се бават со примарно земјоделство, производи и преработка на овошје и зеленчук, како и со производство на вино, млеко и млечни производи. Еден од појдовните услови е секој што ќе конкурира, да ја има регистрирано својата дејност. Парите од фондовите не се наменети за зголемување на профитот на земјоделците, туку за приближување на нивната работа до стандадите на ЕУ вели Васко Златковски од канцеларијата за рурален развој при З емјоделскиот факултет од Штип.
Намената на ИПАРД инструментот е да го доведе земјоделството до стандардите на ЕУ. Тоа служи за приближување на земјите кандидати кон стандардите на ЕУ


„Намената на ИПАРД инструментот е да го доведе земјоделството до стандардите на ЕУ. Тоа служи за приближување на земјите кандидати кон стандардите на ЕУ.“

ИПАРД фондовите се за оние земјоделци, кои сакаат да ја модернизираат својата работа вели Марија Ѓошева Ковачевиќ аналитичар во Федерацијата на фармери.

„Целта на програмата не е проширување на капацитетите на земјоделците, туку модерзнизирање на постоечките капацитети. Значи, фармер може да гради објекти за чување на млекото, ладење на млекото итн.“

Земјоделци
Но според оваа програма сите оние што ќе конкурираат треба за својот проект веќе да имаат обезбедено пари, за подоцна од фондовите да му биде вратена половина од потрошената сума. Па затоа ние очекуваме да се пријават само поголемите фирми додава Ковачевиќ.

„Најосновното е дека фармерот треба да биде финансиски моќен за да може да аплицира за средства од ИПАРД програмата. Тоа значи дека фармерот треба да ги има вкупните финансиски средства за целиот проект, за потоа да му биде рефундиран половина од проектот.“

Низ државата ќе се организираат и трибини за земјоделците да се информираат, како може да аплицираат за ИПАРД програмата. Од земјите кандидати за членство во ЕУ најмногу пари ќе добие Турција.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG