Достапни линкови

Нови жртви на грипот А во Турција


Двајца пациенти од новиот грип од типот А вчера починаа, со што бројот на починати лица во Турција се искачи на три.
Во Дијабекир почина една 34-годишна жена, а неколку часа подоцна почина уште една 37-годишна пациентка во градот Конја. Минатата недела од новиот грип почина еден болничар. Според турското Минисетрство за здравство, повеќе од 1.400 луѓе се позитивни на новиот грип, а во моментов 16 од нив се хоспитализирани. Тројца пацеинти се во тешка здравствена состојба.
XS
SM
MD
LG