Достапни линкови

logo-print

Референдум ќе има....


Референдум за името ќе има и за мене тоа е затворено прашање. Без референдум, без граѓаните да се изјаснат за евентуалното предлог-решение не постои можност да се реши проблемот со името, изјави премиерот Никола Груевски во интервјуто за МИА во Брисел пред заминувањето за затворот Шевенинген каде ке го посети Јохан Тарчуловски. Македонскиот премиер за реакцијата од бугарскиот претседател Георги Прванов за неговите изјави дадени при неодамнешната посета на Австралија поврзана со егејските, вардарските и пиринските Македонци изјави дека во неговите зборови немало никакви територијални претензии, туку напротив обединувачки проевропски дух и намера.
XS
SM
MD
LG