Достапни линкови

Зелаја се враќа на власт во Хондурас


Организацијата на Американските држави соопшти дека преговарачите на остранетиот Претседател на Хондурас Манууел Зелаја и привремениот Роберто Мичелети постигнале договор според кој Зелаја се враќа на власт. Владата ке била заедничка се до претседателските избори на 29 Ноември. Зелаја беше остранет со сила од власта по превратот во Јуни. Неговите противници сметаа дека тој сака да го смени Уставот за да добие уште еден мандат. Соединетите Држави, Европската Унија и лидерите на Латинска Америка бараа тој да биде вратен на функцијата.
XS
SM
MD
LG