Достапни линкови

Бил Клинтон ќе го посети Косово


Поранешниот американски претседател Бил Клинтон, во недела ќе допатува во Косово. Посетата на Клинтон ја соопшти премиерот Хашим Тачи, кој упати апел до косовоските граѓани што помасово да излезат и да му приредат величенствен пречек на „големиот пријател на Косово“, објавија медиумите во Тирана. Клинтон доаѓа за да присуствува на откривањето на статуа со неговиот лик , која ќе биде поставена на плоштадот кој го носи неговото име. Бил Клинтон, има голема популарност меѓу косовските Албанци по бомбардирањето на НАТО, по што југословенските сили во 1999 година се повлекоа од Косово.
XS
SM
MD
LG