Достапни линкови

Обама:САД излегуваат од криза


Претседателот на САД, Барак Обама, денеска изјавил дека порастот на економијата во Америка, покажува дека земјата излегува од криза. Но тој предупредил дека сепак ќе биде потребно повеќе време за целосно заздравување. Официјалните бројки покажаа дека американската економија забележала раст од 3,5 проценти помеѓу јули и септември. Но експертите ја наведуваат големата невработеност како проблем.
XS
SM
MD
LG