Достапни линкови

logo-print

Иран одговорил на ОН за договорот за збогатување на ураниум


Иранските медиуми јавуваат дека Иран го презентирал својот одговор за нацрт договорот со светските сили под покровителство на ОН. Агенцијата ИСНА, соопштува дека нивниот претставник во Меѓународната Агенција за атомска енергија, Али Асгар Султанија, му го предал одговорот на шефот на агенцијата, Мохамед Ел Барадеј, во кој Иран бара економски и технички промени. Според договорот, Иран треба да испраќа ниско збогатен ураниум на доработка во Русија и во Франција за понатомошните потреби на Техеран. Претходно денеска иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека Иран е спремен да соработува за договорот со Русија , Франција и САД. Но исто така изјавил дека и светските сили треба да си го исполнат својот дел од договорот.
XS
SM
MD
LG