Достапни линкови

Бранителите реагираат – клучот е кај МВР


Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска
Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска

Здружението на бранители Достоинство реагира на вчерашните тврдења на Министерството за внатрешни работи дека не може да ја повлече тужбата со која се бара враќање на парите за обесштетување на поврдените и загинати бранители, ако со тоа претходно не се согласи Државниот правобранител

Основните и апелациските судови пресудија дека на повредените и на семејствата на загинатите припадници на полицијата и на Армијата од воениот конфликт во 2001 им следува обесштетување за нематеријална штета според Законот за облигациски односи. Сепак, по жалбите, Врховниот суд одлучи дека таа оштета не им следува и дека треба да ги вратат парите.

Претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов тврди дека одговорноста е само кај Министерството за внатрешни работи.
Семејствата на загинатите полицајци кај Вејце оствариле средба со заменикот државен правобранител на Република Македонија, како и со државниот правобранител од Битола, при што им бил даден јасен сигнал, дека доколку МВР ја повлече тужбата, тие нема да прават никакви проблеми. Значи, сепак клучот е во рацете на МВР, бидејќи МВР е тужителот.

„Семејствата на загинатите полицајци кај Вејце оствариле средба со заменикот државен правобранител на Република Македонија, како и со државниот правобранител од Битола, при што им бил даден јасен сигнал, дека доколку МВР ја повлече тужбата, тие нема да прават никакви проблеми. Значи, сепак клучот е во рацете на МВР, бидејќи МВР е тужителот.“

Во реакцијата од МВР, пак стои дека ниту министерството, ниту кој било друг има право да направи такво дејствие на своја рака. „Од тука повеќе од јасно е дека МВР, за жал, колку и да сака да им помогне на овие луѓе, во моментов нема законска можност“, стои во реакцијата на МВР.
Ангелов ги поврзува тужбите за враќање на обесштетувањето на припадниците на безбедносните сили со барањето оштета и за припадниците на ОНА. Тој не верува дека државата ќе ги обесштети и припадниците на ОНА повредени во конфликтот, или пак семејствата на загинатите припадници на ОНА. Ангелов вели дека МВР си ги бара парите назад, поради политички калкулации.

„Владата има направено добра математика, колку ќе изгуби гласови кај македонското гласачко тело колку гласови ќе изгуби доколку не излезе во пресрет на барањето на бранителите, а колку ќе изгуби доколку излезе во пресрет на бранителите, а потоа да мора да излезе во пресрет и на ветераните на ОНА.“

Во МВР, пак велат дека не се работи за нечија желба туку дека по пресудата на Врховниот суд, тие постапиле по службена должност исполнувајќи ги нивните законски обврски.

Ангелов вели дека по одлуката на Врховниот суд дека семејствата на загинатите неправедно добиле оштета, се појавува нов проблем. Тој посочува дека по одлуката на Врховниот суд дека обесштетувањето е незаконско, неколку основни судии пресудиле дека семејствата, сепак, не треба да ги вратат парите, зашто според Законот за облигациони односи не може да се бара враќање на неосновано платени износи на име надомест на штета поради повреда на телото, нарушување на здравјето или смрт, доколку исплатата му е извршена на совесен прибавувач. Семејствата ги добиле парите на совесен начин, по правосилна одлука на апелационите судови, вели Ангелов.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG