Достапни линкови

Кои се можните идни лидери на ЕУ?


Хавиер Солана и Карл Билд во Брисел

Хавиер Солана и Карл Билд во Брисел

Во Брисел, дводневен самит на Европската унија на кој главни теми се климатските промени и критериумите за избор на претседател и на шеф на дипломатијата на Унијата. Станува збор за две моќни функции кои се предвидени со Лисабонскиот договор.

Во Брисел, со оглед на тоа што се очекува Лисабонскиот договор да биде ратификуван до крајот на годинава, веќе започнале преговорите за можните кандидати за новите функции во Европската Унија. Претенденти за иден претседател се премиерите на Холандија и на Луксембург, Јан Петер Балкененде, Жан Клод Јункер, како и порашенниот британски премиер Тони Блер.

За прв европски дипломат пак главни кандидати се сегашниот комесар за проширување Оли Рен и шефот на британската дипломатија Дејвид Милибанд. 47 годишниот Оли Рен од Финска, како што се наведува, ги добил симпатиите поради неговата смирена дипломатија со аспирантките за влез во Унијата, како Турција и земјите од Запаедн Балкан.
Сепак, политичките аналитичари велат дека Рен бил релативно млад за таа функција и оти му недостига партиско политичко искуство. Како евентуален проблем е и неговото скандинавско потекло со оглед на фактот што една од најмоќните функции во евроатлантските интеграции ја има еден скандинавец, данецот Андрес Фог Расмусен кој е генерален секретар на НАТО. Затоа, дел од аналитичарите, се сомневаат дека на местото шеф на европската дипломатија би можело да се најде и шведскиот министер за надворешни работи 60
47 годишниот Оли Рен од Финска, како што се наведува, ги добил симпатиите за евентуален нов шеф на европската дипломатија поради неговата смирена дипломатија со аспирантките за влез во Унијата, како Турција и земјите од Западен Балкан
...
годишниот Карл Билд. Како негов хендикеп се спомнува и тоа што силно го поддржува влезот на Турција во Унијата.

Сегашниот британски министер 44 годишниот Дејвид Милибанд засега не ја истакнал својата кандидатура, но тоа би можело да се случи доколку Тони Блер отпадне од трката за претседател на Европската унија. За двете најзначајни места, претседател на Унијата и министер за надворешни работи се спомнуваат уште неколку кандидати меѓу нив, австријката Урсула Пласник, италијанецот Франко Фратини, холанѓанецот Јап де Хоп Схефер.
Инаку, претседателот на Унијата ќе има мандат од две и пол години и не ќе може да биде на таа функција повеќе од два пати. Со договорот било предвидено претседателот да го избираат претседателите и премиерите на 27 земји членки, со таканаречено квалификувано мнозинство гласови, кое подразбира дека гласот на секоја држава вреди пропорционално на бројот на нејзини жители. Се смета дека новите функционери и новото дејствување на иснтитуциите ќе имаат пресудно значење за способноста на Европската унија да влијае врз светската политика и да се натпреварува на економски план со Соединетите држави, Јапонија, но и со Кина, Индија, Русија и Бразил.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG