Достапни линкови

Македонската влада без потврда за средба Груевски, Папандреу


Од македонската влада не ја потврдуваат веста на грчката национална агенција АНА МПА, дека македонскиот премиер Никола Груевски денеска во Брисел ќе имал средба со грчкиот премиер Јоргос Папандреу. Во веста беше прецизирано дека средбата била иницирана од Папандреу за време на вчерашниот телефонски разговор со Груевски, кој притоа му го честитал изборот за нов премиер на Грција.
XS
SM
MD
LG