Достапни линкови

logo-print

Ахмадинеџад: Иран сака да соработува со големите сили


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска изјави дека Техеран би поздравил секаков договор предложен од Русија, Франција и Соединетите држави за иранската нуклеарна програма. Но, притоа, како што додаде, и тие земји би требало да ги исполнат своите обврски. Ахмадинеџад сепак, не прецизира каков ќе биде одговорот на Техеран за предлогот повеќето од ураниумот за Иран да се збогатува во странство. Иранските медиуми јавуваат дека нивниот претставник во Меѓународната агенција за атомска енергија Али Асгар Султанија ќе му го предаде одговорот на шефот на Агенцијата Мохамед ел Барадеи. Денеска се очекува во Виена да се вратат инспекторите на Агенцијата кои во изминативе денови извришија контрола во иранската постројка за збогатување ураниум во Ком.
XS
SM
MD
LG