Достапни линкови

logo-print

105 луѓе загинале во вчерашниот напад во Пешавар


Во вчерашниот бомбашки напад во пакистанскиот град Пешавар, според последните информации, загинале 105 луѓе. Нападот бил извршен со автомобил бомба на еден пазар во градот. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Куреши изјави дека тоа нема да ја поколеба решеноста на владата да се справи со милитантите во Јужен Вазиристан. До нападот дојде во моментот кога американскиот државен секретар Хилари Клинтон пристигна во посета на Пакистан за да им понуди поддршка на пакистанските власти во офанзивата против Ал Каида и талибанските бунтовници.
XS
SM
MD
LG