Достапни линкови

Меѓународната заедница го очекува одговорот на Иран


Иран се очекува денеска да одговори на договорот поддржан од Обединетите нации за намалување на загриженоста на меѓународната заедница околу иранската нуклеарна програма. Иранските медиуми јавуваат дека нивниот претставник во Меѓународната агенција за атомска енергија Али Асгар Султанија ќе му го предаде одговорот на шефот на Агенцијата Мохамед ел Барадеи. Денеска се очекува во Виена да се вратат инспекторите на Агенцијата кои во изминативе денови извришија контрола во иранската постројка за збогатување ураниум во Ком.
XS
SM
MD
LG