Достапни линкови

Хашкиот обвинителот Брамерс идната недела ќе ја посети Србија


Главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерс, наместо на 2 декември , ќе ја посети Србија два дена подоцна, соопштуваат од Трибуналот. Во текот на дводневната посета, Брамерс ќе разговара со србскиот претседател Борис Тадиќ, со премерот Мирко Цветковиќ и со други политичари задолжени за соработка со Трибуналот. Средбите на Брамерс со србските власти се дел од припремите за извештајот до Советот за безбедност на ОН.
XS
SM
MD
LG