Достапни линкови

logo-print

ЕУ критикувани за укинување на ембаргото за оружје на Узбекистан


Меѓународните групи за човекови права денеска изразија незадоволство поради одлуката на ЕУ, да го укине ембаргото за оружје на Узбекистан. Во заедничката изјава на „Хјуман Рајтс воч“, "Репортери без граници, како и на Меѓународната кризна група , се вели дека со одлуката се бега од обврските кон жртвите на узбекистанските власти. Во вторникот, министрите за надворешни работи на ЕУ, ја донесоа одлуката за укинување на ембаргото, но активистите за човекови права сметаат дека ЕУ тоа го направила само затоа што Узбекистан соработува со нив на воените операции во Авганистан.
XS
SM
MD
LG