Достапни линкови

Шефот на НАТО во декември ќе ја посети Русија


Шефот на НАТО Андрес фог Расмусен во декември ќе патува во Москва за да разговара со тамошните власти и да побара руска подршка за воената кампања во Авганистан. Портпаролот на НАТО ,Џејмс Апатура, изјавил дека оваа посета ќе овозможи унапредување на односите меѓу Русија и НАТО . Претходно овој месец, Расмусен изјави дека Русија би можела да го прошири договорот за соработка со НАТО силите. Досега само територијата на Русија се користеше како транзит за силите за операциите во Авганистан.
XS
SM
MD
LG