Достапни линкови

logo-print

Претседателот на БиХ, ја откажа посетата на Шведска


Претседателот на Босна и Херцеговина денеска ја откажал посетата на Шведска, откако шведскиот суд одлучи да ја ослободи Билјана Плавшиќ, поранешниот лидер на босанските срби. Плавшиќ која беше осудена за воени злосторства и геноцид за време на војната во Босна , беше ослободена откако одлежа две третини од 11 годишната казна. Претседателот на БиХ, Жељко Комшиќ денеска изјавил дека нема да патува во Шведска , поради одлуката на судот за ослободување на Плавшиќ. Комшиќ требаше да се сретне со шведскиот крал, Карл Густав .
XS
SM
MD
LG