Достапни линкови

logo-print

Откажана средбата Груевски-Рен


Средбата меѓу премерот Никола Груевски и еврокомесарот Оли Рен што требаше да се одржи денеска во Брисел е откажана поради болест на еврокомесарот. Во писмото од кабинетото на Рен, пишува дека комесарот ќе контактира до Груевски преку телефон веднаш штом ќе му биде подобро. Груевски и Рен требаше да разговараат за реформите кои Македонија треба да ги исполни за да влезе во ЕУ, и за последните случувања во процесот за наоѓање решение за спорот за името со Грција. Премиерот Груевски попладнево треба да се сретне со високиот претставник на ЕУ, за заедничка надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана.
XS
SM
MD
LG