Достапни линкови

Најлошото помина?


Прес конференција на претставниците на ММФ и НБМ

Прес конференција на претставниците на ММФ и НБМ

ММФ го подобри предвидувањето за македонската економија и сега очекува пад од 1,5 отсто. Според ескпертите, тоа се должи на опоравувањето на светските пазари и зголемувањето на цената на металите

Позитивната прогноза на Меѓународниот монетарен фонд се должи на донесените закони и опоравувањето на светските пазари, велат дел од економистите. Фондот вчера предвиде намалување на БДП од еден до еден и пол процент, што претставува нагорна проекција во споредба со претходнотѕо предвидување за пад на БДП од два и пол проценти. Професорката Марија Зарезанкова Потевска вели дека
Штом ММФ со своите обсежни анализи тоа го утврдува, да се надеваме дека лошите состојби се надминати и дека во иднина не очекува посветла иднина во однос на стопанскиот развој на Република Македонија
сега за сега нема порелевантни знаци на напредок во стопанството

,,Мислам дека ММФ тргнува од она што ние како закони сме ги донеле и врз основа на тоа и утврдува дека има шанси стопанството да се развива со попозитивни карактеристики и перформанси. Но, од друга страна статистичките податоци укажуваат дека состојбата не е многу поволна во македонската економија."

Потевска се надева дека опсежните прогнози на меѓународната организација добро ја предвидуваат економската иднина на земјава

,,Штом ММФ со своите обсежни анализи тоа го утврдува, да се надеваме дека лошите состојби се надминати и дека во иднина не очекува посветла иднина во однос на стопанскиот развој на Република Македонија."

Економскиот аналитичар Ден Дончев вели дека Фондот при анализите најверојатнои ги земал предвид
Професор Марија Зарезанкова Потевска
позитивните трендови на светските пазари за кои се очекува дека ќе имаат поволно влијание врз домашната економија, посебно во поглед на извозот
Толку сега академска дискусија е дали падот е 1,5 или 2 отсто. Факт е дека Владата на Република Македонија ова време лани предвидуваше раст за 2010 година од речиси шест проценти, за сега да дебатираме дали падот ќе биде 1,5 или 2 отсто.


,,Тоа веројатно се должи на самиот чин што последните три месеци берзанските цени на металните производи ширум светот скокнаа драстично споредбено со март април годинава. Така што, тоа позитивно треба да влијае врз извозот на Република Македонија и големите металопроизведувачки фирми кои се голем дел од индустриското производство и се разбира БДП"

Дончев потсетува дека за разлика од фондот, Владата неколкупати ги корегираше своите проекции

,,Толку сега академска дискусија е дали падот е 1,5 или 2 отсто. Факт е дека Владата на Република Македонија ова време лани предвидуваше раст за 2010 година од речиси шест проценти, за сега да дебатираме дали падот ќе биде 1,5 или 2 отсто."

Инаку владата веќе донесе нови проекции за економските движења следната година. проекциите на ММФ и на Владата се поклопуваат во однос на можностите за повторно остварување на позитивна стапка на економски раст од околу 2% во 2010 година.
XS
SM
MD
LG