Достапни линкови

logo-print

ММФ -Економијата во Македонија подобрена


Прес конференција на мисијата на ММФ во Македонија и министерот за финансии Ставревски и гувернерот Петар Гошев

Прес конференција на мисијата на ММФ во Македонија и министерот за финансии Ставревски и гувернерот Петар Гошев

Меѓународниот монетарен фонд ги корегираше проекциите за падот на македонскиот Бруто Домашен Производ. Според претставнијкот на меѓународната организација Весли Мекгру, економската состојба во земјава покажува знаци на подобрување:

,,Економската состојба во Македонија е подобрена и ризиците од нестабилност се намалени. Изгледите за постепено заживување на
Економската состојба во Македонија е подобрена и ризиците од нестабилност се намалени. Изгледите за постепено заживување на растот се добри
растот се добри. Оваа година очекуваме намалување на БДП од еден до еден и пол процент. Ова претставува една нагорна проекција во споредба со претходната проекција за падот од два и пол проценти."

Мекгру додава дека се уште има предизвици и потенцијални ризици:

,,Гледајки нанапред, предизвик ќе биде да се продолжи со здравите фискални и монетарни политики со кои се намалуваат ризиците од идните кризи, а потоа да се продолжи со структурните реформи кои претставуваат потенцијал за долгорочно намалување на невработеноста."

Министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека не се менуваат проекциите за до крајот на годинава. Буџетскиот дефицит и понатаму се проектира на 2,8 проценти.
Гледајки нанапред, предизвик ќе биде да се продолжи со здравите фискални и монетарни политики со кои се намалуваат ризиците од идните кризи, а потоа да се продолжи со структурните реформи

,,Гледајќи нанапред во однос на 2010 година, задоволство ми е што проекциите на ММФ и на Владата се поклопуваат во однос на можностите за повторно остварување на позитивна стапка на економски раст од околу 2% што е значајно за да се задржи трендот на намалување на стапката на невработеност и на пораст на инвестициите."

Запрашан дали Владата ќе склучи аранжман со ММФ идната година, имајки предвид дека веќе се работи на догодинешниот буџет, министерот Ставрески единствени посочи дека соработката со меѓународната организација продолжува:

,,Останува за дискусија во текот на наредните месеци."

Проценките на ММФ и Министерството го актуелизираат прашањето дали може да се очекува релаксирање на монетарната политика. Гувернерот Петар Гошев повторно посочи дека потребно е добрите сигнали во економијата да се претворат во трендови. Запрашан дали ако има промени во фискалната политика може да се очекува намалување на референтните каматни стапки, Гошев одговара:

,,Се зависи од движењето во економијата и во економијата се зависи од стабилноста на трендовите, се зависи од проценката на оддржливост на трендовите во економијата. Од тоа зависи, а не од некоја поединечна мерка на Народната Банка или на Владата на Република Македонија."

вели Гошев.
XS
SM
MD
LG