Достапни линкови

Медведев:Треба да се исправат пропустите во изборниот систем


Претседателот на Русија Дмитриј Медведев денеска изјавил дека властите треба да извлечат поука од локалните избори кои се одржаа неодамна, и да ги исправат пропустите во изборниот систем, што се покажало дека постојат. По изборите опозициските партии го напуштија парламентот бидејќи сметаа дека постоеле нерегуларности на изборите. На изборите партијата Обединета Русија на премиерот Владимир Путин, освои најмногу гласови. Путин потоа изјави дека оние кои губат се несреќни и ако сметаат дека имало нерегуларности тоа треба да го докажат на суд.
XS
SM
MD
LG