Достапни линкови

Оптимизам за можно решение за името


Прослава на македонските граѓани по препораката на ЕК за отпочнување преговори за членство

Прослава на македонските граѓани по препораката на ЕК за отпочнување преговори за членство

Меѓународната заедница отворено порачува дека очекува од Македонија сериозна возвратна порака во поглед на разрешувањето на спорот за името. Аналитичарите, но и меѓународниот фактор, проценуваат дека во земјата има поголемо расположение за компромис.

Препораката на ЕК дека Македонија е подготвена да започне преговори со Унијата треба да се ефектуира во декември, период кој европските дипломати, речиси со јазик кој излегува надвор од дипломатскиот го промовираа како период кога од Македонија се
Очигледно постои кај дел од политичката елита за промена на името. Во кој контекст? Тешко е да се се утврдат контурите на размислувањата во која насока ќе оди промената
За сега без најави за нова средба - посредникот во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц
очекува сериозна возвратна порака во поглед на разрешувањето на спорот за името. Пораките од Брисел одат до отворено предупредување дека на состанокот на Советот во декември, Македонија може да се соочи со грчко вето. За Македонската јавност сеуште е обвиткано во тајност како расположението кај политичките елити за постигнување компромис така и содржината на евентуалниот комнпромис кој би можел да биде прифатен.

„Да, очигледно постои кај дел од политичката елита за промена на името. Во кој контекст? Тешко е да се се утврдат контурите на размислувањата во која насока ќе оди промената. Дали ќе се оди на промена на референцата која ја прифативме за прием во ОН или некоја друга промена,“

изјави професорот Звонимир Јанкуловски

Амбасадорот на земјата претседавач со Унијата Шведска во Република Македонија, Ларс Фреден повторувајќи го предупредувањето дека за позитивен исход во декември спорот за името треба да биде решен, изјави дека амбиентот во македонската политика нуди
Чувствувам поголем оптимизам во споредба со пролетва годинава дека спорот со името ќе се реши. Не би можел да ви кажам ништо специфично, но чувствувам дека атмосферата е пооптимистична во споредба со пролетта
повеќе од кога било оптимизам таквво нешто да се очекува.

„Чувствувам поголем оптимизам во споредба со пролетва годинава дека спорот со името ќе се реши. Не би можел да ви кажам ништо специфично, но чувствувам дека атмосферата е пооптимистична во споредба со пролетта.“

Премиерот Никола Груевски
Аналитичарот Имер Исмаили вели дека волјата во македонската политика проблемот да биде решен во овој период е евидентна и дека во овој е пресудна улогата на меѓународниот притисок поради потребата на меѓународната заедница да го затвори ова прашање.

„Нашите национални одлуки мора да бидат во кореспонденција со меѓународните, а тоа е САД и ЕУ. Во тој контекст, јас сум оптимист дека проблемот со името ќе се реши.“

Ако како што најавува власта, прашањето им се постави на граѓаните , целиот процес може да влезе во ќорсокак,вели Исмаили. Некои од аналитичарите пак забележуваат одредени поместувања и во нивното рапосложение а пред се поради очекувањата дека европскта перспектива ќе ги реши нивните проблеми. Еве како стојат последните резултати од анкетата објавена на Интернет страницата на Радио Слободна Европа на македонски јазик. На прашањето дали Македонија до декември треба да го смени името за да добие датум за отпочнување преговори за членство во унијата околу 46% одговориле да а околу 49 проценти одговориле негативно.
XS
SM
MD
LG