Достапни линкови

Биљана Плавшиќ се очекува да излезе од затвор


Поранешниот претседател на Република Српска, Биљана Плавшиќ се очекува денеска да биде ослободена од затворот во Шведска, откако одлежа две третини од 11 годишната казна за геноцид и извршени злосторства против човештвото во Босна во 1991 и 1992 година. Хашкиот трибунал кон средината на минатиот месец ја одобри молбата на 79-годишната Плавшиќ за нејзино предвремено ослободување.Шведските власти одбија да соопштат детали за времето и начинот по кои ќе излезе Плавшиќ, која ќе биде првиот осуден од Трибуналот во Хаг за најтешки воени злосторства што ја издржал казната.
XS
SM
MD
LG