Достапни линкови

Ослободени притворените иранци во Пакистан


Пакистанските власти ослободија единаесетмина ирански државјани откако вчера ги притворија под обвинение дека се обиделе нелегално да ја поминат границата. Владин портпарол потврди дека единаесетмината биле ослободени по испрашување во полиција поради тоа што постоеле основани сомнениа дека иранците членувале во елитната Револуционерна гарда. Подоцна се утврдило дека притворените работеле како стражари.
XS
SM
MD
LG