Достапни линкови

Фондот нема пари за аптеките и болниците


Доктор и пациент
Доктор и пациент

Фондот за здравствено осигурување најави дека бидејќи со вториот ребаланс на државната каса добива поет милиони евра помалку пари, ќе нема можност за исплата на буџетот на аптеките и болниците. Експертите сметаат дека ова ќе влоши и онака лошата состојба во здравството.

Скратувањето на планираните пари за Фондот на здравствено осигурување само уште повеќе ќе ја влоши состојбата на здравството во земјава, велат дел од експертите. Државата на Фондот требаше да му даде дваесет и еден милион евра. Но, со вториот ребаланс на буџетот тој ќе добие пет милиони помалку, односно само шеснаесет милион евра ќе стави во здравствената каса. Од таму велат дека поради новонастанатата ситуација ќе мора да скратат на материјалните трошоци. Но, и поради помалкуте пари од предвидените ќе доцниме со исплатата на буџетот на аптеките и болниците, вели потпаролот на Фондот Дејан Гацов.
Нема да има кратења значи од исплата на пациентите, туку од исплата на доктори со тоа што ќе се одложат само некои работи


Амбуланта
,,Нема да има кратења значи од исплата на пациентите, туку од исплата на доктори со тоа што ќе се одложат само некои работи. Ќе исплаќаме после 60 дена капитација на примарни специјалисти."

Поранешниот министер за здравство Ѓорѓи Оровчанец вели дека здравството во земјава одвај функционира и дека реформите споро се спроведуваат. Владата само помага кога е принудена и оваа скратување на парите на Фондот само уште повеќе ќе ги влоши работите, вели тој.

,,Скратувањето на парите значи дека имаме уште помалку можност и за развој и за функционирање кои како краен продукт имаат дефинитивно само уназадување на здравството кое што и онака веќе на стаклени нозе."

Според Оровчанец отплаќањето на парите кои ги должи Фондот само ќе им го предаде на другите здравствени организации, а не се знае
Скратувањето на парите како краен продукт имаат дефинитивно само уназадување на здравството
ниту колку воопшто изнесува долгот на фондот, вели тој.

,,Проблемот ќе биде наметнат од здравствените организации затоа што Фондот долговите ги префрли од свој терет, на здравствените организации и денеска барем јас не сум во можност да имам увид колку се тие долгови. Моја претпоставка е дека веќе за година дена се многу големи."

Од фондот сеуште незнаат и дали ќе имаа пари за новите лекови на позитивната листа, како и за проектот за воведување на здравствена картичка.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG