Достапни линкови

9 луѓе обвинети за убиството на хрватскиот новинар Пуканиќ


Против девет луѓе, хрватските и србските обвинитли покренале обвинение во врска со убиството на хрватскиот новинар Иво Пуканиќ. Во Белград обвинителот изјавил дека познатиот шеф на мафијата Сретен Јоциќ е обвинет дека го наредил и организирал убиството. Заедно со него се обвинети и двајца негови соработници. Тие го организирале убиство за сума од 1,5 милион евра. Хрватските власти пак обвинија шест лица дека го убиле Пуканиќ по наредба на Јоциќ. Главниот уредник на неделникот "Национал" Пуканиќ и неговиот соработник беа убиени минатата година во бомбашки напад во Загреб, пред редакцијата на неделникот.
XS
SM
MD
LG