Достапни линкови

Генерал Петреус во посета на Таџикистан


Генералниот командант на американските сили во Авганистан и Иран, Дејвид Петреус ,пристигнал денеска во Таџикистан, за да разговара со тамошните власти. Петреус се сретнал со претседателот на Таџикистан, Емомали Ракмон и разговарале за воената соработка , за борбата против трговијата со дрога, спречувањето на тероризмот и за граничната безбедност. Посетата на Петреус доаѓа во време кога претседателот на САД, Барак Обама размислува дали да испрати дополнителен број војници во Авганистан. Таџикистан, се граничи со Авганистан, и во февруари се согласи американските сили да ја користат нејзината територија за транзит за потребите на силите во Авганистан.
XS
SM
MD
LG