Достапни линкови

logo-print

Франција кога претседавала со ЕУ трошела по 1 милион евра дневно


Француското претседателство со ЕУ во 2008 –та е оценето како едно од најскапите во историјата. Трошоците на Владата изнесувале приближно по 1 милион евра дневно, пишува францускиот весник „Фигаро“. Како што пишува весникот потпирајќи се на сметките на владата, претседателот Никола Саркози за 6 месеци потрошил 171 милион евра, што е далеку повеќе од парите што ги трошат другите претседатели кога нивните земји претседаваат со ЕУ. Тие во просек трошат по 70 до 80 милиони евра.Во нејзиното шестмесечно претседателствување со ЕУ, Франција беше домаќин на 489 настани, вклучувајќи 328-конференција, 25 министерски средби и девет меѓународни самити.

XS
SM
MD
LG