Достапни линкови

Ердоган: Западот нема праведен третман спрема Иран


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ги обвини западните земји дека неправедно се однесуваат спрема Иран во врска со неговата нуклеарна програма. Во интервју за британскиот весник Гардијан тој рече дека сите што го обвинуваат Иран за нуклеарното оружје веќе имаат свои нуклеарни арсенали. Тој исто така вели дека не се сомнева оти претседателот на Иран Махмуд Ахмадинеџад и е пријател на Турција. Интервјуто на Ердоган доаѓа пред неговата утрешна посета на Техеран, на разговори со Ахмадинеџад и со врховниот верски лидер, ајатолах Али Хаменеи.
XS
SM
MD
LG