Достапни линкови

55 милиони евра од ИПА фондовите за Македонија


Со парите од ИПА фондовите ќе се намалува невработеноста
Со парите од ИПА фондовите ќе се намалува невработеноста

Македонија ќе добие 55 милиони евра од ИПА фондовите. Најголем дел од средствата ќе бидат искористени за проекти за поттикнување на вработувањето

Македонија ќе добие околу 55 милиони евра од ИПА фондовите на Европската Унија. Доколку тие се искористат како што треба ќе има подобрување во областите на кои им се наменети велат дел од експертите. Парите ќе бидат искористени пред се за проекти во областа
Значи, најголем дел се употребуваат за вработување, односно намалување на невработеноста. Тоа се активни мерки, значи да се оствари вработување на дел од нашето население.
на вработувањето. Од Министерството за труд и социјална политика веќе имаат испланирано дел од парите и тие ќе распишат тендери за проектите на почетокот на наредната година. Тоа е модернизација на агенцијата за вработување, поддршка на националната стратегија за вработување, како и подршка на планот за активности и мерки за отворање на нови работни места вели ИПА кординаторот при Министерството за финансии Дени Ѓорчевски.

„Значи, најголем дел се употребуваат за вработување, односно намалување на невработеноста. Тоа се активни мерки, значи да се оствари вработување на дел од нашето население.“

Во извештајот на Европската комија беше истакнато дека младите од 18 до 25 години немаат работа, доколку правилно се насочат парите од ИПА фондовите ќе се подобри оваа слика вели економскиот аналитичар Оливер Бончаноски.

„Тој јаз меѓу невработените, и реално таа група невработени нема доволно квалификации, а од друга страна работодавачите имаат потреба од работници со поинакви квалификации, така што ако се искористат парите ќе има корист.“

Треба максимално да ги искористиме парите, но само онака како што налага унијата, за тие да имаат ефект вели Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование.

„Тука не зависи многу што на Македонија и треба, туку Македонија стратешки треба да се развива да ги искористи тие пари. Мора да се приспособиме за како најмногу да си го направиме ова за нас да ни одговара.“

Дел од парите ќе бидат искористени и за проекти за социјално вклучување на маргинализираните групи и од областа на образованието.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG