Достапни линкови

logo-print

Мун бара компромис за климатските промени


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун побара од земјите поголем компромис пред клучната конференција посветена на климатските промени што во декември годинава треба да се одржи во Копенхаген. Во написот објавен во весникот Њујорк Тајмс, Бан вели дека е охрабрен од најновите напори на американските сенатори Џон Кери и Линдзи Грахам за одобрување закон против штетните гасови. ,,Светот не може да си дозволи дебатата за климатските промени да се одвива без Соединетите држави, оцени Бан Ки Мун.
XS
SM
MD
LG