Достапни линкови

Почнува инспекцијата на иранската постројка во Ком


Инспекторите на Обединетите нации се очекува денеска да извршат проверка во втората иранска постројка за збогатување ураниум. Четиричлениот тим на Меѓународната агенција за атомска енергија кој вчера пристигна во Техеран, во текот на денов треба да замине за градот Ком во чија близина се наоѓа контроверзната нуклеарна постројка која само ги поткрепи сомнежите на меѓународната заедница дека Иран сака да дојде до атомска бомба. Техеран ги демантира таквите наводи.
XS
SM
MD
LG