Достапни линкови

Договор за социјално осигурување со Австралија


Во рамки на работната посета на Австралија, премиерот Никола Груевски, со австралискиот премиер Кевин Рад ќе го потпиеше Договорот за социјално осигурување, а ќе има средба и со претседателот на Претставничкиот дом на Парламентот на Австралија. Владината делегација во чиј состав се министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо ќе има средби и со македонските иселеници во Канбера и Мелбурн. Вчера, Груевски побара поголемо обединување кај дијаспората и во однос на прашањето за името. Тој потенцира дека ќе продолжат разговорите и напорите за да се најде решение кое нема да ги загрозува македонските национални интереси, македонскиот јазик, македонската нација, идентитет, но тоа решение, додаде тој, ќе стане важечко доколку добие поддршка од граѓаните на референдум.
XS
SM
MD
LG