Достапни линкови

logo-print

Нема договор меѓу Карзаи и Абдула за поделба на власта


Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи и неговиот противкандидат Абдула Абдула денеска jа отфрлија можноста за договор за поделба на власта пред вториот изборен круг кој треба да се одржи на 7 ноември . Некои официјални претставници на администрацијата на Обама изјавија дека САД би прифатиле договор меѓу Карзаи и Абдула за поделба на власта, за да се избегне вториот круг на избори. Карзаи се согласи на втор изборен круг откако Изборната Комисија подржана од ОН, утврди дека не освоил 50 проценти од гласовите на првиот круг на избори во август.

XS
SM
MD
LG