Достапни линкови

Инспекторите на ОН ја посетија постројката за ураниум во Иран


Инспектори на ОН, ја посетиле постројката за збогатување на ураниум во близина на градот Ком , јавува полу-официјалната новинска агенција Мер. Инспекторите уште еднаш ќе го посетат објектот, кој е изграден во внатрешноста на планината во близина на светиот град Ком, кој се наоѓа јужно од Техеран. Минатиот месец беше откриено дека постои таков објект , по што западните сили се загрижија дека Техеран можеби прави нуклеарна бомба. Иран негираше дека сака да прави нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG