Достапни линкови

logo-print

Решен проблемот со сметот во Маврово-Ростуше


Реката Радика

Реката Радика

По две децении решен е проблемот со собирањето на сметот во општина Маврово Ростуше. Деновиве започна да се собира тврдиот смет и во околните села и се верува дека конечно ќе исчезнат бројните диви депонии кои ја загадуваат долината на реката Радика.

По цели 20-тина години, конечно е решен проблемот со собирањето на сметот на целата територија на општина Маврово Ростуше. Деновиве започна да се собира тврдиот смет и во селата на Долна Река и се верува дека конечно ќе исчезнат бројните диви депонии кои ја загадуваат долината на реката Радика. Проектот на Владата на Македонија за економски развој подржан финансиски од Италјанското МНР дава резултати, вели градонацалникот Мукрем Мехмеди .
Со овој проект конечно се започнува со реализација на собирање на цврстиот отпад на територијата на целата општина. Со донацијата од 61 контејнер и два трактори со кип приколки е направена достапност до сите села поради, така што сега собирањето на отпадот ќе биде во сите села во долината на Радика

,,Со овој проект конечно се започнува со реализација на собирање на цврстиот отпад на територијата на целата општина. Со донацијата од 61 контејнер и два трактори со кип приколки е направена достапност до сите села поради, така што сега собирањето на отпадот ќе биде во сите села во долината на Радика... Започнавме од први октомври и наскоро веруваме дека депониите ќе се исчистат, а не ги користиме во расчистувањето на депониите и лицата кои се привремено вработени со Владиниот проект за невработени лица. Планираме да се изгради и една депионија само за градежен шут."

нагласува Мехмеди. Проектот кој ќе трае три години предвидува и едукација на населението за поголема еколошка свест, подвлекува преставникот на Италијанската организација УКОДЕП за имплементација на овој проект Даниеле Педрети, кој подвлекува дека од идната година во рамките на овој проект кој е финасиран од Италјанското МНР, а се имплементира од УКОДЕП ќе започне и едукацијата на населението од општината Маврово Ростусхе . Целосното покривање на територијата на општината Маврово-Ростуше со активностите на Јавното комунално претпријатие дава гаранции и за позабрзан развој на туризмот во живописниот предел на Долна Река, истакнува Хамлет Бекири од невладниот сектор.

,,Ова не значи крај на проблемите со сметот кој е расфрлан насекаде. Ако ние ја исчистеме нашата животна средина очекувам дека ќе има големи ефекти и во развојот на туризмот. Моментално работам на еден проект во сферата на туризмот, а најголем проблем е е фактот што немаме чиста животна средина."

вели Бекири. Во повеќе од 15 селски наслеби во Долна Река до сега немаше организирано собирање на сметот, заради што беа создадени над 30-тина диви депонии кои наголемо ја загадуваа животната средина во овој убав предел на нашава земја.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG