Достапни линкови

Караџиќ ќе го бојкотира утрешното судење


Почетокот на судењето на поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, кое е закажано за утре е доведено во прашање затоа што Караџиќ најавил дека нема да се појави во судницата.Тој е обвинет за геноцид врз несрбското население за време на војната во БиХ, од 1992 до 1995-та година. Доколку Караџик кој се брани сам, утре не се појави во судницата, може да се протолкува и како негово решение да не учествува во судењето , но може и да го одолговлече самиот процес.
XS
SM
MD
LG