Достапни линкови

logo-print

Во експлозија на бомба во Пакистан загинал полицаец


Во Пакистан е убиен еден полицаец во експлозија на бомба, која претходно била поставена во автомобил кој полицаецот го запрел за проверка , соопштија пакистанските власти. Настанот се случил во близина на градот Лилах, 140 километри јужно од Исламабат. Експлозијата се случила додека пакистански сили продолжуваат со големата офанзива против Талибанците во Јужен Вазиристан. Војската вчера соопшти дека го освоила родниот град на водачот на Талибанците.
XS
SM
MD
LG